И покрај намалениот број на добиток во последните години, македонската месна индустрија се карактеризира со големи вложувања во објекти, машини и технологија за преработка. За разлика од другите индустрии, таа работи профитабилно и не заостанува зад месните индустрии од соседните држави. Месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90% говедско и 50% свинско месо. Според податоците на Групацијата за месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, минатата година раст е забележан кај производството на свинско месо, додека мало намалување има кај говедското и овчото.
И покрај намалениот број на добиток во последните години, македонската месна индустрија се карактеризира со големи вложувања во објекти, машини и технологија за преработка.
За разлика од другите индустрии, таа работи профитабилно и не заостанува зад месните индустрии од соседните држави.
Месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90% говедско и 50% свинско месо.
Според податоците на Групацијата за месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, минатата година раст е забележан кај производството на свинско месо, додека мало намалување има кај говедското и овчото.
- Сточарското производство, кое е базата на месната индустрија, за жал, не бележи позитивни резултати во изминатата деценија. Според статистичките податоци, бројот на говедата е на исто ниво, односно околу 250.000 во изминатите 10-ина години со благи отстапувања, а има драстично намалување во овчарството каде во 2000 година имаше 3 милиони, а сега едвај 600.000 овци. Намалување има и кај свињарството од 250.000 во 2000 година, до сегашните 176.000 свињи. Намалување има и кај живинарството - истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.
Според статистичките податоци производството на говедско месо бележи намалување од 5.362 тони во 2011 година на 4.985 тони во 2012 година. Раст на производството има кај свинското месо и тоа од 8.340 тони во 2011 година на 10.651 во 2012 година, додека помало производство има и кај овчото месо кое е помало за 770 тони за една година на вкупно произведени 5.600 тони во 2012 година.
- Во Македонија постојат околу триесетина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Денес домашната месна индустрија работи профитабилно, за разлика од други гранки кои генерираат загуби, вработува и обучува луѓе и има свој тим технолози, така што освен консултативна помош, не се ангажираат странски технолози - вели Ристовски.
Според анализите на Комората, целосно е задоволена понудата на свежо месо за потрошувачката на населението, меѓутоа за потребите на месната индустрија имаме недостиг. Тој недостиг се увезува согласно дадените дозволи од Агенцијата за ветеринарство. Од СКМ сметаат дека новиот правилник за квалитетот на меленото месо, подготовките од месо и производи од месо нема да претставува финансиско оптоварување ниту за компаниите, ниту за крајните потрошувачи.